Никол: Ми завидуваа за телото, а не приметија дека патам од булимија

Убавина, слава, пари, момче шампион на Формула 1 и успешна кариера, со тоа сега може да се пофали пејачката Никол Шерзингер, но почетокот на нејзината криера бил многу тежок и одбележан со боделување од булимија.

Nikol Serzinger, foto 1

Иако изгледа фантастично и многу нејзини колешки и завидувале на прекрасната линија, зад сцената пејачката се борела против булимија, пореметување во исхраната која ја држела во тајност се додека не се онесвестила на бината.

Nicole-Scherzinger-RB-singer-Songwriter-Dancer-1080x1920

nicole-scherzinger-081013sp

„Почнав да го губам гласот, не можев да пеам на настапи. Се сеќавам дека мојот менаџер ме најде онесвестена на една турнеја во Франција и Малта“, вели Никол во британското издание „Космополитен“.

Nikol Serzinger, foto 2

По нејзините зборови, тоа траело се додека еден ден не решила да се промени.

„Жалосно е кога ќе погледнам зад себе и ќе уочам како ми поминаа годините во животот. Се што беше надвор, пред камерите беше совршено. Но, јас се чувствував ужасно. Никогаш повеќе тоа нема да си го дозволам тоа. Мислам дека долго време ни членовите на моето семејство, ни од групата не знаеа дека сум болна. Секогаш гледав како тоа да го сокријам бидејќи ми беше срам. Знам дека не е здраво, но не можев да го променам своето однесување“, вели Никола.

Nikol Serzinger, foto 3

Една од најпознатите поп пејачки на светот на крајот навела дека булимијата е ужасно пореметување и болест која ги парализира луѓето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.