Никола Димитров се повлекува во јули?

Македонија и Грција се враќаат на пониско ниво на разговори за името откако во Њујорк по ден и половина разговори не беше постигнат договор меѓу двете земји. Доколку до крајот на јуни до Самитот на ЕУ и почетокот на јули до Самитот на НАТО, Македонија и Грција не најдат компромис и пропадне целиот процес на преговри, се шпекулира дека е можно повлекување на министерот за надворешни работи Никола Димитров, јавува весникот Вечер.

Министерот Димитров, образложувајќи го пакетот со предлог името Република Илинденска Македонија, изјави дека ако нема договор за овој македонски предлог двете земји ќе се вратат на ниво на разговорите кои се водеа во Виена и Охрид каде што се разговарало не за финалните прашања, туку за суштинските проблеми како опсегот.

Низ кулоарите се говори дека тој во моментов е под огромен притисок бидејќи фокусот на оваа Влада со чело на Заев е токму на надворешната политика и изнаоѓање на решение, кое се чини не е теолку блиску колку што се прикажува пред јавноста. Недоаѓањето до решение со Грција ќе доведе до тежок крах на политиката на Заев кој изминатава година акцентот постојано го става на важноста на спорот со името и желбата за негово решавање

Македонија и Грција се враќаат на пониско ниво на разговори за името откако во Њујорк по ден и половина разговори не беше постигнат договор меѓу двете земји. Доколку до крајот на јуни до Самитот на ЕУ и почетокот на јули до Самитот на НАТО, Македонија и Грција не најдат компромис и пропадне целиот процес на преговри, се шпекулира дека е можно повлекување на министерот за надворешни работи Никола Димитров, јавува весникот Вечер.

Целиот текст прочитајте го на Вечер.