Никола Груевски: Ги гасиме пожарите кои СДСМ ги палат

Премиерот Никола Груевски од Куманово каде се одржува 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека потребно е да се фокусираат на секојдневните проблеми на луѓето, но во истовреме и да ги санираат штетите кои СДСМ и ги прави на Македонија.

-Мораме да се фокусираме и на санирање на штетите кои СДСМ и ги прави на земјата низ Европа и светот, со креираните материјали со кои се понадеваа дека ќе дојдат на власт и кои се закануваат да ни биде одземена препораката следната есен, за што сигурно Заев ќе отвори шампањско, смета Груевски.

Тој додава дека итовремено мора да се борат со сите предизвици и да дејствуваат и краткорочно каде е потребно и долгорочно каде е исплатливо.

– Затоа ВМРО-ДПМНЕ  победува 9 пати по ред, а СДСМ губи девет пати по ред. Затоа што имаме визија и резултати, имаме стратегија и вложуваме огромен труд за нејзина реализација, а истовремно ги гасиме пожарите кои тие ги палат, посочи премиерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.