сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 3

Никола Маџиров на едногодишен книжевен престој во Берлин

Меѓународно жири од десетина членови-експерти за книжевноста и уметноста во глобални рамки, го избра Маџиров заедно со уште неколку автори од Тунис, Израел и Кенија како прв автор од Македонија од основањето во 1963 година.

Никола Маџиров на едногодишен книжевен престој во Берлин

Никола Маџиров на едногодишен книжевен престој во Берлин

Последни вести

Македонскиот поет Никола Маџиров го почна едногодишниот книжевен престој во Берлин, како добитник на европското и светско „ДААД“ признание од областа на литературата.

Досега добитници на наградата биле Ингеборг Бахман, Збигњев Херберт, Сузан Сонтаг, нобеловците Марио Варгас Љоса и Имре Кертес, како и венцоносците на Струшките вечери на поезијата Генадиј Ајги, Одн, Ружевич, Сангвинети, Томаж Шаламун, Беи Дао и Маргарет Атвуд.

Меѓународно жири од десетина членови-експерти за книжевноста и уметноста во глобални рамки, го избра Маџиров заедно со уште неколку автори од Тунис, Израел и Кенија како прв автор од Македонија од основањето во 1963 година.

Ова признание се доделува и на филмски режисери и досега добитници биле Тарковски, Џим Џармуш и Бела Тар, како и композиторите Стравински, Џон Кејџ, Арво Перт, Горецки и Пендерецки.

Маџиров во Берлин ќе ја заврши новата поетска книга и ќе биде гостин на повеќе книжевни настани во Германија и Европа.

Најчитани вести