недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 32

Никола Маџиров на Интернационалниот поетски фестивал во Осло

Маџиров во Осло пристигнува по читањето на Меѓународниот фестивал за книжевност во Темишвар, Романија.

Никола Маџиров на едногодишен книжевен престој во Берлин

Никола Маџиров на едногодишен книжевен престој во Берлин

Последни вести

Никола Маџиров ќе учествува на поетски читања со автори од Велика Британија, Данска, САД, Јамајка и други земји, како и на поетските дебати организирани во рамките на најголемиот поетски настан во Норвешка, Интернационалниот поетски фестивал што од денеска до недела се одржува во Осло.

Во текот на изминатите неколку недели учествуваше и на Интернационалниот фестивал за литература во Берлин, на фестивалот „Поетска есен” во Литванија, на Меѓународниот книжевен фестивал во Одеса во Украина, на Поетскиот фестивал во Рига во Летонија, како и на интермедијалниот фестивал „Осмодрама” во Берлин посветен на уметноста и мирисите, на кој специјална машина произведуваше мириси инспирирани од стиховите, во халата меѓу присутната публика.

Најчитани вести