Магазин

Никола Маџиров на поетско читање во Охајо

Никола Маџиров на поетско читање во Охајо

Поетот Никола Маџиров денеска  ќе чита стихови на „Кент Стејт Јуниверзити” во Охајо, САД, заедно со американскиот поет-лауреат Чарлс Симик, во рамки на серијата поетски читања посветени на поетите-лауреати на САД.

Настанот вклучува тркалезна маса на тема „Поезијата како глобален дијалог”, како и вечерно поетско читање. Маџиров во Охајо пристигна по читањето на „ЛМ Јуниверзити” во Лос Анџелес, каде професор-гостин е нобеловецот Воле Сојинка, поет и прозаист од Нигерија.

Во рамките на најголемиот годишен книжевен настан во САД, „Конференцијата на писатели и програми за пишување” која годинава се одржа во Лос Анџелес од 31 март до 2 април, Никола Маџиров настапи заедно со Ли-Јанг Ли и останати американски поети пред преполната хала на Конгресниот центар.