Македонија

Никола Наумовски до репортерот на Сител: Свињо една, си дошол од Кавадарци тука да ми се правиш главен!

Никола Наумовски до репортерот на Сител: Свињо една, си дошол од Кавадарци тука да ми се правиш главен!

„Свињо една, си дошол од Кавадарци тука да ми се правиш главен“, вака братучедот на Радмила Шекеринска, Никола Наумовски му се обрати на новинарот на Сител, Љупчо Златев кој професионално следеше настан на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски. Серијата навреди за репортерот, неговите колеги и уредници и медиумот за кој работи траеа за време на целата изјава на градоначалникот, а продолжија и на социјалните мрежи каде само прогласениот борец за човекови права самиот објави фотографија од настанот заедно со репортерот кој бил предмет на најбрутално тормозење, пишува Прес 24.

На сликата објавена на фејсбук каде повторно го навредува репортерот, коментар со недолична содржина објавиле и други негови колеги од таборот на СОРОС и Хелсиншкиот комитет кои на дело покажуваат како се борат за правата и достоинството на новинарите и граѓаните, јавува Сител.

Новинарот соочен со притисокот побара и од организаторите на настанот да дадат оценка за однесувањето на нивниот колега откако ниту граѓанското здружение ниту градоначалникот Жерновски кои денеска држеа прес конференција за иднината на ГТЦ не направија ништо во заштита на новинарот кој го покриваше настанот.

– „Говорите за урбана иницијатива а господинот до мене цело време ме навредува. Дали е тоа одраз на урбаност? – Не тоа е одраз на недостаток од домашно однесување“.

Никола Наумовски и е веќе познат на македонската јавност по говорот на омраза кој го шири преку социјалните мрежи. Во повеќе наврати тој се потсмевал и навредувал личности само врз основа на тоа што имаат ставови поинакви од неговите. Наумовски како близок роднина на Шеќеринска со години е длабоко инфилтриран во невладините на СОРОС како АЈДЕ, Плоштад Слобода, Распеани Скопјани и неколку други.

Политичарите од опозицијата пак тврдат дека немаат простор или не добиваат соодветно покривање  иако многу често не овозможуваат професионални услови за работа и овозможуваат нивни активисти па дури и најблиски роднини да истураат гнев и да навредуваат професионални новинари. Со идентични ситуиации репортерите на Сител се соочуваат и на речиси секоја прес конференција на СДСМ кога освен погрди зборови кон нив се упатуваат и закани по нивната безбедност.

За случајот ќе бидат известени сите новинарски здруженија како и претставниците на странските амбасади и ОБСЕ во земјава.

Извор: Прес 24