Никола Попоски на средби со граѓани во Могорче и Косоврасти

Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ИЕ 6, Никола Попоски, денеска ги посети селата Могорче, Долно и Горно Косоврасти, каде што имаше средби со жителите на овие населени места.

Во Могорче, заедно со оџата, Попоски ја посети џамијата, по што оствари средби со граѓани и пиеше чај во локалната чајџилница. Во Долно Косоврасти, тој се сретна со жителите на ова село и ја презентираше програмата “Проверено” на ВМРО- ДПМНЕ, а во Горно Косоврасти покрај промоцијата на програмата и средбите со локалното население, тој го посети и тамошното Основно Училиште.

Во изјава за новинарите, Попоски го презентираше проектот “Вработувања на самохрани родители, деца без родители, родители на деца со посебни потреби, млади лица од 27-29 години, лица од 50-62 години на кои рабoтниот однос им престанал врз основа на стечај, ликвидација или технолошки вишок”

IMG_2247-1000G

„Цел на оваа мерка е да ја поттикне побарувачката на работна сила и вработување на невработени лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот. Се предвидува субвенционирање на вработување за секое лице за бруто-плата во износ од 13.000,00 денари месечно за период од 6 месеци. Работодавачот има обврска лицето да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци (вкупно 18 месеци). Во 2014 година ќе бидат опфатени 587 невработени лица од евиденцијата на активни баратели на работа на АВРМ, од кои до 80 лица од ранливите групи кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд“, рече Попоски.