Никола Попоски во посета на Тетово

Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ИЕ 6, Никола Попоски денеска го посети Тетово при што оствари средба со Митрополитот на Тетовско-Гостиварската епархија Јосиф Лешочки. На средбата беа повторени демохрисtијанските начела на ВМРО-ДПМНЕ и беше истакната улогата на Македонската Православна Црква во зачувувањето и одржувањето на македонскиот идентитет и традиција. Попоски се интересираше за состојбата на црквите и православните граѓани на Република Македонија во оваа епархија и доби уверување дека МПЦ прави што се во нејзина моќ да ги зачува православните храмови, унапредувајќи го и духовниот живот на Македонците во овој крај.

Носителот Попоски во 12 часот го отвори Регионалниот изборен штаб во Тетово при што рече дека ВМРО-ДПМНЕ во својата нова програма има предвидено детални проекти и мерки за вработувања и привлекување на странски инвестиции кои ке го подобрат квалитетот на живеење во Република Македонија. Попоски ја истакна новата програма при што укажа дека со неа дека се предвидени нови 64 илјади вработувања, а со новите 2046 проекти ова е најдобрата и најквалитетната програма било кога претставена пред граѓаните.