Никола Попоски во Урвич и Јеловјане

Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ИЕ 6, Никола Попоски, денеска ги посети селата Урвич и Јеловјане кои се наоѓаат во склоп на Општина Боговиње.

Тој, во овие села, населени со Македонци со исламска вероисповест ги истакна соживотот и мултуконфесионалната традиција на Македонија и им укажа дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува и почитува сите граѓани на нашата држава притоа споменувајќи ги проектите во новата партиска програма кои ке значат подобрување на квалитетот на живот во овие рурални средини и ке го спречат исселувањето на младите од земјава. Во таа насока тој ги спомена и најавените инвестиции во ТИРЗ Тетово.

Граѓаните на Урвич и Јеловјане го запознаа носителот Попоски со предизвиците со кои се соочуват како што е асфалтирањето на патот помеѓу двете села и санирање на свлечиштето над Јеловјане.