Бразил2014

Никола Рицоли го суди финалниот натпревар

Никола Рицоли го суди финалниот натпревар

Најдобриот судија во италијанската Серија А, Никола Рицоли ја доби таа чест да ја дели правдата на финалниот натпревар од јубилејното 20. Светско првенство во Бразил, дуелот помеѓу репрезентациите на Аргентина и Германија.
Италијанскиот арбитар веќе ја делеше правдата на два натпревара на кои репрезентацијата на Аргентина забележа минимален триумф, 3:2 во дуелот против Нигерија и 1:0 во четвртфиналната пресметка против селекцијата на Белгија.
„За најдобрите натпревари се бираат најдобрите судии, па затоа Рицоли ќе ја дели правдата на финалето“, изјави Џим Бојс, претседателот на судискиот комитет на ФИФА.
Германските медиуми се далеку понезадоволни од изборот на главниот арбитар, а таквиот нивни став се должи на веќе дефинираната констатација дека Рицоли секогаш го штити Лионел Меси и суди во корсит на аргентинскиот интернационалец.