Никола Саркози се враќа на политичката сцена

Враќањето на политичката сецна на поранешниот француски претседател Никола Саркози беше најавувано со недели, но сега тоа стана официјално, откако тој на својот профил на Фејсбук соопшти дека ќе биде кандидат за претседател на опозициската конзервативна Унија на народното движење (УМП).

– Јас сум кандидат за претседател, напиша поранешниот шеф на француската држава на својот профил.

– Ќе предложам трансформација од подрумот до таванот, на начин кој ќе овозможи за три месеци да се создадат услови за ново широко обединување кое ќе ги опфати сите Французи, без разлика на нивната припадност, надминувајќи ги традиционалните поделби кои не се совпаѓаат со реалноста денес,  додава Саркози.