вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 64

Никола Стојановски го фати светиот крст во Куманово

vodici 1

Поврзани вести

Никола Стојановски го фарти светиот крст во Куманово. Православните верници од Куманово го празнуваат празникот Богојавление-Водици. Во фонтаната во дворот на соборниот храм „Свети Никола“ денеска по светиот крст скокаа триесетина млади. Крстот го фати 21-годишниот Никола Стојановски од Куманово.

Скокам по седми пат, а првпат го фаќам. Се надевам дека ќе ми донесе здравје и среќа. Апелирам до младите да учествуваат на вакви настани, да се продолжи традицијата, рече Стојановски.

Свештениците од црквата на Стојановски му подарија икона. Утрово во соборниот храм се одржа литургија во чест на празникот Богојавление Водици со која чиноначалствуваше митрополитот кумановско-осоговски г.Јосиф.

Денеска и во црквата „Света Тројца“ попозната како Нова Црква најсреќен меѓу десетината млади кои скокаа по крстот беше 19-годишниот Андреј Божиновски, кој прв пат го фаќа крстот. Тој очекува крстот да му донесе здравје и среќа.

Крстот, изјави отец Игор Здравковски ќе се однесе дома како благослов за најблиските, семејството и пријателите.

Верниците во Куманово ги посетија православните храмови, се помолија за здравје и благосостојба, пресекоа и колач и зедоа осветена вода.

Најчитани вести