Николас Мадуро: Западот го зајакна џихадизмот

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини западните сили дека придонеле за зајакнување на џихадизмот на Блискиот Исток, објави МИА.

Тој во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН во Њујорк истакна дека Венецуела „е подготвена да се бори против тероризмот“, но упати остри критики за стратегијата на САД во нивните акции против екстремистичката група Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија.

\Мадуро постојано ја критикува поддршката на Западот за сириските бунтовници против претседателот на земјата Башар ал Асад.

 

Венецуелскиот лидер смета дека е потребно да се изврши длабока реформа на ОН, кои, според него, треба да доживеат „демократска трансформација за да се адаптираат кон еден мултиполарен свет, во кој ќе има земји и региони со забрзан развој, кои имаат сопствен став и очекуваат да бидат почитувани“.