Николески од СОНК: Штрајкуваат професорите од СДСМ

Членовите на СОНК признаваат дека во Охрид штрајкуваат само професорите од СДСМ, пишува Курир.мк.

Штрајкот кој утрово започна во охридската гимназија ”Свети Климент Охридски” јасно покажа кој штрајкува низ училиштата.

Како што информира порталот Охрид1, според првите информации од повидните експоненти на опозицијата во штрајк стапиле поранешните директори на училиштето именувани од власт на СДСМ, Наум Рилкоски и Љубиша Машановиќ, потоа професорката Жаклина Лазареска која е и функционер во партијата. Меѓу дургите штрајкуваат и следните припадници на опозицијата: Екатерина Бојческа Паскали, Војо Илиоски, Ристо Николески, Бојан Петрески , Кристина Јубисавлевиќ, Марија Чонева,Бојан Петрески, Ленче Ристеска  и Весна Цветкоска.

– Нормално е тоа, во нашава ситуација во која живееме и опстојуваме, нормално е членовите на ВМРО ДПМНЕ да не штрајкуваат, а тие на СДСМ да штрајкуваат. Таква ни е ситуацијата и јас тоа јавно еве можам да го кажам дека е така. За жал, изјави за ”Охрид1” Ристо Николески од СОНК.