Балкан

Николиќ: Босна нема да опстане

Николиќ: Босна нема да опстане

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ во интервју за РТС изјави дека БиХ тешко може да опстане.Истакна дека тој не може да биде „ниту заслужен ниту виновен за она што се случува во БиХ“.

„Улогата на Србија е да биде гарант на Дејтонскиот договор, а тоа значи да ја зачува Република Српска. Не можам ништо да направам БиХ да опстане, ако тоа БиХ не го сака. Но, кажете му дали за овие 20 години се појави неккаов лепак за БиХ да ја поврзе? Тоа не постои воопшто. Дојде и до понатамошно делење на населението. Ми се чини дека Хрватите полека си заминуваат, тие се позади Мостар. Во Сараево нема ни четири отсто Срби, можеби грешам. Мислам дека е тренд Србите да го напуштаат Сараево,“ изјави Николиќ во емисијата Актуелно.