Николиќ: До крајот на годината ќе се изградат 30 километри од Јужен тек

Томислав Николиќ, претседателот на Србија, оцени дека гасоводот Јужен тек е од огромно значење за државата и со неговата изградба ќе се створи огромна шанса за развој на домашното производството и унапредување на положбата на Србија, како во регионот, така и во Европа.

Николиќ по разговорот со Станислав Владимирович, директор на компанијата „Центрогас“, која е ангажирана за изградба на гасоводот Јужен тек, се изјасни дека реално очекува до крајот на оваа година да бидат изградени првите 30 километри од гасоводот, во чија изградба ќе бидат ангажирани и домашни српски фирми.