Николиќ ги одликуваше жандармите што го претепаа Вучиќ

Претседателот на Србија Томислав Николиќ поделил голем број ордени, по што стана и препознатлив, а она што најмногу паѓа во очи е тоа што шефот на државата ја одликуваше со златен медал и Жандармеријата, а со тоа и озлогласениот Нишки одред, пишува српски „Курир“.

Експертите упатени во состојбите во државата за весникот велат дека Николиќ не го избрал најсреќниот миг за да подели „пофалби за заслугите“ на Жандармеријата чиишто претставници во септември минатата година за време на Парадата на гордоста, го претепале Андреј Вучиќ, братот на премиерот на Србија, а правеле и голем број злосторства, па и свирепи убиства.

фото: kurir.rs