Николиќ ги укинал летовите над Бајчетин?

Српскиот претседател Томислав Николиќ, со низата привилегии кои ги ужива неодамна се досетил дека може и да ги укине летовите над родниот Бајчетин, дознава српски Курир од полициски извори, пренесува НетПрес.

Според нивните сознанија, идејата на Николиќ не останала некаде зафрелена на хартија, па директорот на полицијата Милорад Вељовиќ на почетокот на декември лично го потпишал барањето за условна забрана за прелети во општината Книќ, на чија територија е и родното село на Николиќ, со образложение дека со тоа се чува безбедноста на шефот на државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.