Николиќ: Хрватска не успеа да докаже геноцидни намери на српската страна

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, изјави денеска дека Хрватска не успеала да докаже геноцидни намери на српската страна во воените судири, а од друга страна, иако противтужбата на Србија не е усвоена, потврдено е дека Хрватска направила масовно злосторство кон Србите.

Николиќ во обраќањето до јавноста по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг за тужбата и противтужбата на Хрватска и Србија за геноцид рече дека тој суд пресудил дека Хрватска во својата тужба не успеала да докаже геноцидни намери на Србија.

– Иако противтужбата на Србија не е усвоена, МСП утврди дека хрватските власти биле свесни дека воeната акција „Бура“ ќе доведе до протерување на цивилното население. На овој начин, и од страна на највисоката правна институција на ОН потврдено е дека хрватските сили извршиле масовни злосторства врз Србите во Хрватска, рече Николиќ, пренесува Танјуг.

Тој оцени дека и покрај неправдата направен е охрабрувачки чекор.

– Искрено се надевам дека во времето кое е пред нас ќе има доволно храброст за Србија и Хрватска во добра вера заедно да ги решаваат сите проблеми кои го мачат регионот и кој ќе го воведеме во период на траен мир и просперитет, заклучи Николиќ