Николиќ крие колку го чинело патувањето во Абу Даби

Во Претседателството за Србија кријат колку чинело патувањето на претседателот Томислав Николиќ во Абу Даби, каде од ВИП ложата ја следел трката на Формула 1. Освен ова, без одговор останале и прашањата за бројната делегација која отишла на пат во Обединетите Арапскли Емирати, како и колку претставници од делегацијаат присуствувале на споменатата трка, пишува српски Курир, пренесува НетПрес.

Претседателот Николиќ, во моментов е на работна посета на Емиратите, а оваа прилича ја искористил за да ја гледа и одлучувачката трка во Формула 1 за Големата награда на Абу Даби. Ова е само продолжение на новата пракса која ја запошнал шефот надржавата, а која подразбира чести патувања и посети на најразлични манифестации. Критичарите и замеруваат на таквата политика допдавајќи дека Николиќ од активен политичар прераснал во некој кој не може да ги контролира своите апетити и многу потсетува на поранешниот претседател Борис Тадиќ.

tomislav-nikolic-foto-dado-djilas-1416863439-593080

Аналитичарот Томислав Кресовиќ, вели дека е добро шефот на државата да се појавува на манифестации како трки на Формула 1 бидејќи на тие настани се собира светските политичари и економска елита, но дека од сето тоа најважно е да се знае од која каса се плаѓаат таквите активности.

„Ако патувањето е во функција на застапување на државните интереси и состаноци со светските државници и бизнисмени, тогаш не е спорно ако е отиден на државен трошок. Меѓутоа, ако патувањето е само за да ја гледа трката, тогаш тоа е штета во државната каса и беспотребно расфрлање со пари“, вели Кресовиќ.

Аналитичарот Драгомир Анѓелковиќ, нагласува дека Николиќ на трката на Форумла 1 бил во склоп на работната посета на ОАЕ, за која треба да се види каков резултат ќе донесе.

„Од друга страна, не треба лесно да се впушти во правење на државни трошоци за разни патувања. Се е скапо ако не донесе резултат, а ништо не е скапо ако од тоа има некаква корист“, вели Анѓековиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.