Николиќ отпатува во Москва

Претседателот на Србија Томислав Николиќ отпатува во дводневна посета на Руската Федерација каде ќе присуствува на „Парадата на победата“ по повод одбележувањето 70 години од победата над фашизмот.

На Парадата на која ќе присуствуваат од триесетина земји од светот, ќе учествуваат и припадници на војската на Србија.