Николиќ: Проектот „Голема Албанија“ опасност за целиот регион

Српскиот претседател Томислав Николиќ го осуди создавањето на т.н. „голема Албанија“, истакнувајќи дека тој преокт претставува опасност за мирот и стабилноста на целиот балкански регион и категорично нагласи „не“ за независниста на Косово и „да“ за продолжување на дијалогот со Приштина, јави Танјуг.

Николиќ, во интервју за италијанската агенција АНСА, истакна дека Белград сака да го продолжи дијалогот со Приштина со посредство на ЕУ, за да конечно ги реши конкретните проблеми со кои народот се соочува и да доведе до целосно помирување и мирен соживот на сите жители на Косово.

Николиќ, исто така ја критикуваше Приштина поради недоволно покажаната волја во спроведувањето на Бриселскиот договор.

– Очекуваме одговорните европски претставници да направат дополнителни напори Албанците да го исполнат она што го потпшале и да се нормализира животот на сите кои живеат на Косово, додаде Николиќ.

Според него, Србија е во целост посветена на продолжувањето на својот европски пат, додаде Танјуг.