Балкан

Николиќ се почесто настапува како опозициски премиер, а не како претседател

Николиќ се почесто настапува како опозициски премиер, а не како претседател

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, во јавноста изнесува ставови кои во целост се косат со актуелната политика на Александар Вучиќ. Аналитичарот Милан Николиќ вели дека премиерот ги добил изборите зборувајќи за борба против тајкуните, а шефот на државата се договара баш со нив.

Николиќ во интервју пред два дена на национоналната телевизија, поголемиот дел од времето го поминал изнесувајќи ставови кои во потполност се косат со актуелната политика на премиерот Вучиќ и потезите кои неговата Влада секојдневно ги прави.

Овој вид на настап на Николиќ, покажува дека шефот на државата наместо да му биде поддршка на премиерот, се претставува како опозициски премиер, оценуваат соговорниците на српски Курир.