Николиќ: Србија инсистира на вистина и правда за бомбардирањето на НАТО

Србија е европска земја која со своето културно и историско развивање припаѓа на европската цивилизација, но истовремено настојува на вистината и правдата по секоја цена, истакнал претседателот Томислав Николиќ за време на предавање на Правниот факултет во Белград, посветено на 15-годишнината од почетокот на бомбардирањето на НАТО, пишува денеска српскиот весник „Политика“.

Според Николиќ на 15-годишнината од бомбардирањето на НАТО и 10-годишнината од мартовскиот погром во Косово, станува јасно дека врската помеѓу двете злосторства е јасна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.