Балкан

Николиќ, Вучиќ и Додик заедно го следеа изрекувањето на пресудата во Хаг

Николиќ, Вучиќ и Додик заедно го следеа изрекувањето на пресудата во Хаг

Претседателот на Србија Томислав Николиќ, премиерот Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска Милорад додик, заедно го следеа преносот од изрекувањето на пресудата по повод тужбите на Србија и Хрватска за геноцид.

Како што соопшти српски Блиц, повикувајќи се на официјални информации од кабинетот на претседателот на Србија, Николиќ, Вучиќ и Додик го следеле преносот во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката.

фото: blic.rs