Балкан

Николиќ: Започнување на преговори со ЕУ е позитивен сигнал за странските инвеститори

Николиќ: Започнување на преговори со ЕУ е позитивен сигнал за странските инвеститори

Србија оваа недела започна преговори со Европската унија и тоа треба да биде јасен сигнал за странските инвеститори дека нашата земја стана уредна, правна држава во која е можно да се развива бизнис сигурно и профитабилно, изјавил претседателот Томислав Николиќ , пишува денеска српскиот весник „Политика“.

На средба со амбасадорот на САД во Белград, Мајкл Кирби, Николиќ изјавил дека во досегашниот период Србија вложила многу напор за да се доближи до стандардите на ЕУ и поради оваа причина заслужила да започне преговори со Унијата.