Николиќ: Жртвите заслужија да бидеме дел од ЕУ

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ денес, по повот започнувањето на преговорите за пристапување на Србија кон Европската унија, истакнал дека Србија заслужи да биде прифатена како дел од Европа.

„Србија со својата историја, со своите жртви, заслужи да биде прифатена како дел од Европа. Денеска тоа и се случи. Овој ден ќе биде запамтен, ако ги искористиме онака како што треба“, напишал Николиќ на својот „Твитер“ профил.

Во Брисел денеска е одржана првата меѓувладина конференција, на која се формално отворени преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.