Николопулос за Нетпрес: ВМРО-ДПМНЕ решително ја брани границата – СДСМ и СИРИЗА ги следат инструкциите на Сорос (ВИДЕО)

Десничарската ВМРО-ДПМНЕ е пример за решителност и посветеност во заштитата на границата, наспроти левичарската СИРИЗА кај која што овие работи отсуствуваат. Оваа теза од ден во ден се повеќе се пласира во грчката јавност, во контекст на развојот на настаните со мигрантската и бегалска криза. Доколу опозициската левичарска СДСМ која што се врзува за Сорос дојде на власт во соседната земја, граѓаните ќе осетат голема разлика и ќе почнат да се соочуваат со истите проблеми со кои што се соочуваме во Грција, вели Андреас Николопулос, одличен познавач на состојбите од областа на воените и безбедносни прашања, во интервју со дописникот на Нетпрес од Атина.

Последниве денови на каналот ју тјуб се рашири едно видео од Идомени на кое што е прикажан дијалог на припадник на вашите безбедносни сили и еден човек кој што сакаше да ја мине границата. Овој господинов почна да го прашува вашиот човек зошто не ги пушта да ја минат границата, на што тој одговори – ова е моја земја и спремен сум да умрам за неа.  Ова видео имаше голем ефект во Грција и покажа нешто, а тоа е дека на другата страна постои посветеност и решителност. Тоа се работи кои што ние не ги покажуваме. На нашата страна на границата никаде ја нема државата. Никаде не нема, ја нема ни полицијата, а за армијата и воопшто да не дискутирам или за било која друга државна институција. Нема ништо. Од оваа страна ги има само невладините спонзорирани од Сорос, тоа го знаат сите, а од другата страна го гледаме она што се нарекува решителност.  За жал, не сум воопшто задоволен од грчката влада, а и не сум единствениот, вели Николопулос.

За грчкото јавно мислење се чини дека нема дилема дека владеачката ВМРО-ДПМНЕ согласно анкетите, во секој случај повторно ќе победи на предвремените парламентарни избори.  Николопулос вели дека СДСМ тешко би можеле да дојдат на власт, но ако тоа сепак се случи, граѓаните со сигурност ќе ги почувствуваат проблемите со кои што денес се соочува јужниот сосед.

Нетпрес: Очигледно дека станува збор за два различни концепта. Едниот е на левичарската СИРИЗА овде, а другиот е на десничарката ВМРО-ДПМНЕ таму. Доколку опозициската и левичарска СДСМ некако дојде до власта во соседната земја, мислите ли дека тие ќе имаат различен пристап во однос на политиката кон мигрантите и бегалците?

Навистина е тешко тоа да се случи, но ако се случи, дефинитивно ќе почувствувате огромна разлика. Јас живеам во оваа земја каде што се чувствува огромна разлика меѓу двете влади, онаа на Самарас и оваа на Ципрас во однос на тоа како се справуваат со прашањето со мигрантите и бегалаците. За времето на СИРИЗА, ова прашање стана вистински проблем и тоа за цела Европа. Ако социјал-демократите на Заев дојдат на власт, верувам дека и кај вас истите проблеми ќе испливаат на површина. Ако се точни моите информации дека тој е спонзориран од некои центри како Сорос на пример, верувам дека и тој ќе ја следи истата политика, но за тоа вие и вашите сонародници сами треба да одлучите”, вели Николопулос за Нетпрес.

Про-опозициските соросови здруженија од нашата земја неодамна упатија отворен повик за отстранување на оградата на границата чија цел е заштита од нелегални премини.