среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 49

Николоски денеска  ќе учествува на состанокот на Бирото на ПССЕ

Пратеникот Александар Николоски, во својство на потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска во Париз ќе учествува на состанокот на Бирото на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

nikolovskiii

Последни вести

Пратеникот Александар Николоски, во својство на потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска во Париз ќе учествува на состанокот на Бирото на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Со фукцијата потпретседател на која Николоски беше избран во 2015 година со мандат од две години,  доби место и во Бирото на Собранието, кое го сочинуваат  претседателот на ПССЕ, потпретседателите, шефовите на политичките групи и на Постојаниот комитет. Бирото го подготвува дневниот ред на сесииите на  Собранието, ги разгледува документите на комисиите, ги организира секојдневните активности и истовремено соработува со други меѓународни тела.

На состанокот во Париз, ќе се разгледува дневниот ред за престојната есенска сесија на Парламентарното собрание закажана за 10 октомври 2016 година во Стразбур, евентуалните барања за инти точки на дневниот ред, потоа составот на изборните мисии кои ќе ги набљудуваат претседателските, однсно парламентарните избори во Грузија, Црна Гора, Молдавија и Бугарија, правилата кои се применуваат при набљудување на изборите и други прашања врзани си работата на Собранието и неговите работни тела.

Предвидено е на маргините на состанокот Николоски да се сретне и да размени мислења со членовите на Бирото.

Најчитани вести