10.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Николоски: Една година влада на Заев, една година економски пропаст

Во продолжение интегрален текст од Николоски.

Изминува една година од формирањето на владата на Заев, а ние сме сведоци на силни почетни сигнали на застој во економијата, како и немање јасен концепт каде сакаме таа да се движи. Разногласие во клучните економски ресори и помеѓу водечките луѓе на истите за тоа кој пат да се фати. Така еден ден се предлага прогресивен данок, веќе следниот има караница помеѓу министерот за финансии и потпретседателот на владата за економија колкав да биде, за веќе третиот ден да се напушти идејата. Еден ден се критикуваат странските инвестиции, следниот ден Заев оди во посета на тие инвестиции.

Ова немање правец силно влијае на неизвесноста, што е еден од клучните сегменти во економското планирање. Економијата во Македонија, која важеше за една од најдобрите во регионот со постојан економски раст, раст на градежништвото, раст на бруто-домашниот производ, раст на платите, пензиите и држава која постојано го намалуваше бројот на невработени лица, дури и во услови на политичка криза во Македонија се отвораа нови работни места и се субвенционираше отворањето на нови работни места, посебно за младите, по само една година влада на Заев економијата доживеа колапс.

Економијата во Македонија, од водечка во регионот, по само една година е на дното на Европа. Изминативе години СДСМ и Заев постојано го критикуваа задолжувањето на Македонија, постојано критикуваа дека ВМРО-ДПМНЕ ја задолжило Република Македонија, а во првата половина од 2018 година владата на Заев има само нето 312 милиони евра задолжување. Во само една година економијата доживеаја застој. Очигледно дека целата влада на Заев нема никаква координација, а „советниците“ за странски инвестиции немаат никаков успех. И како да имаат кога се наоѓаат на црната листа на САД? Владата на Заев не отвора нови работни места, напротив, сведоци сме дека се затвораат фабрики, а работниците се целосно заборавени.

Со овие катастрофални политики и неоправданото задолжување на државата имаме целосен застој на економијата. Владата на Зоран Заев не си ја работи својата работа, очигледно целата влада е влада на едно прашање и целосно ги заборавија ветените проекти од предизборната кампања. Единствен проект на оваа влада е зголемувањето на акцизните стоки и зголемувањето на акцизите за горивата, а тоа е контрапродуктивно. Граѓаните имаат сѐ поголеми трошоци, а во услови на економска нестабилност граѓаните трошат помалку и со тоа се влеваат сѐ помалку пари во буџетот, кој и онака нема реализација. Министрите од оваа влада не се способни да ги потрошат парите од буџетот кои сами ги собираат. Немаме ниту една капитална инвестиција, немаме ниту еден проект ниту една реконструирана болница, училиште или градинка. Социјалната политика е катастрофална, а здравството е целосно заборавено. Да се биде министер во владата на Зоран Заев значи дека работното време е од 10 до 14 часот, а нови проекти воопшто нема. Без работа, нема никакви резултати.

Откако е на власт оваа влада, има подигнато дури 650 милиони евра кредити, а 225 милиони евра стојат на сметката на Народна банка, што е директна штета на граѓаните на Македонија бидејќи за тие 225 милиони евра државата плаќа камата, а со нив нема никаква капитална инвестиција и воопшто не се искористени за развој на економијата. За жал, реализацијата на капитални инвестиции за првиот квартал од 2018 година е само четири отсто, а треба да биде минимум 20 отсто.

Уште еден показател дека економијата не е на вистинскиот пат е тоа дека цените во април минатата година и цените во април во 2018 година се зголемени за 1,4 отсто. Со ваква економска политика во иднина цените ќе растат, а платите ќе се намалуваат.

Граѓаните во втората половина од 2018 година директно на своја кожа ќе го почувствуваат овој економски дебакл, оваа економска катастрофа, бидејќи сега во овој момент сѐ уште се чувствуваат добрите економски политики. Новите работни места, странските инвестиции и правилните економски политики на претходната влада сѐ уште се двигател на економијата, но многу брзо граѓаните ќе ги почувствуваат негативните ефекти од едногодишното владеење на Зоран Заев и неговата влада.

Зимницата веќе ја потрошивме, што сега?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.