Македонија

Николоски на македонски јазик го почна претседавањето со пролетната сесија на ПС на Советот на Европа

Николоски на македонски јазик го почна претседавањето со пролетната сесија на ПС на Советот на Европа

Иако, официјални јазици за претседавање на Парламентарното Собрание на Советот на Европа се англиски и француски,  пратеникот Александар Николовски на  318 пратеници од 47 земји им посака успешна работа на македонски јазик , соопшти денеска Собранието на Република Македонија.

Во јануари 2015 година шефот на делегацијата на Собранието на Република Македонија, Александар Николоски беше избран за еден од потпретседателите на Парламентарното собрание за 2015 и 2016 година. Во текот на пролетната сесија на Парламентарното собрание,  како што беше и предвидено, шефот на македонската делегација во функција на потпретседател претседаваше со сесијата на тема „Социјалните услуги во Европа“.

Николоски изрази големо задоволство што претседава со најстарото парламентарно собрание креирано на европската почва, чијашто активност е фокусирана на прашања од тековна политичка важност, вклучувајќи ги и проблемите на модерното општество и аспекти на меѓународната политика.

Николоски, исто така е член и на Бирото на Спбранието кое го сочинуваат претседателот, потпретседателите и шефовите на политичките групи во Парламентарното собрание, а кое го подготвува дневниот ред на сесиите, ги разгледува документите на комисиите, ги организира секојдневните активности, соработува со други меѓународни тела, дава  согласност за одржување на седниците на комисиите и слично.