Николоски: Платените активисти на СДСМ по 18. јуни ќе уживаат на егзотични плажи

 

Мислам дека 18. јуни е избран затоа што некаде таму од 20-25 јуни почнуваат одмори и очекувам овие најгласни активисти за кои излегоа докази во јавноста дека тоа не го прават  волонтерски, туку тоа го прават за соодветна надокнада, односно надомест и сакаат да ги потрошат дел од парите на некои егзотични плажи. Така што претпоставувам дека тој им е период за пакување на куфери и затоа е овој рок и мислам дека е смешна работа.

Ова го истакна пратеникот и Меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој беше гостин во вчерашната емисија „Пулт“ на Радио Слободна Македонија, одговарајќи на прашање за ултиматумитр на опозицијата, искажани преку „Шарената револуција“.

За демонстрантите и хулиганите мотивирани од СДСМ и нивниот однос кон јавните добра и институциите на  државата Николоски нотира:

„Секој има право на протест и јас тоа го подржувам без разлика дали се 500, 1000 или 2000 и 5 луѓе да се имаат право да искажат свое мислење. Но да се уништува јавно добро, за кое што пари дали сите граѓани преку даноците кои  ги плаќаат е нешто кое е спротивно на сето она што декларативно го искажуваат. Во таа насока не мислам дека било кој од оние што протестираат е во позиција да искажува ултиматуми“.

-Уште повеќе двата така наречени ултиматуми се насочени кон судската власт, која што е независна, а во нивните заложби треба да е уште по независна, а самите тие во еден комунистички менталитет се обидуваат да наметнат решенија на Кривичниот суд и на Уставниот суд на Република Македонија како највисок суд  во државата. Тоа зборува се за однос, за менталитет и покажува доколку било кога имаат можност да практицираат власт како ќе се однесуваат, ако од позиција на 1000 демонстранти кои што вандалски уништуваат јавни добра во Македонија. Даваат ултиматуми кон судови, може да замислите што би се случило во некоја претпоставена ситуација кога би имале повеќе моќ и контрола на институции во државата, заклучи Николоски.