Македонија

Николоски претседаваше со Парламентарното собрание на Советот на Европа

Николоски претседаваше со Парламентарното собрание на Советот на Европа

Дебатата, како што е наведено во соопштението од Собранието на РМ, беше посветена на спортот како мост кон еднаквост, интеграција и социјална вклученост.

На оваа тематска дебата обраќање имаше претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, а пратениците повикаа на поинтегриран и динамичен пристап до спортот особено преку создавање ефикасни механизми за идентификување на каква било форма на дискриминација во спортот.

Како што е наведено во соопштението, земјите членки на Советот на Европа биле повикани да го надминат јазот меѓу родовите и диспаритетот во наградите, да ги признаат достигнувањата на жените атлетичарки и значително да ја зголемат видливоста на жените во спортот преку посветување повеќе време на јавните сервиси на жените спортистки и преку промовирање на не-дискриминација во спортот.