Николоски: Советот на Европа го осудува однесувањето на опозицијата

Видни парламентарци во Парламентарното Собрание на Советот на Европа излегоа со осуда за однесувањето на опозицијата во Макеоднија. Последни во низата кои и јавно го осудија бојкотот и обидот со прислушувани материјали да се преземе власта беа парламентарците Аграмунт и Ксукла кои испратија јасна порака- местото на СДСМ е во парламентот.

„За мене овие изјави не се изненадување. Не може некој кој тоа не го прави дома да поддржи едни вакви активности на опозицијата во Макеоднија. Парламентарецот Ксукла е од партија во Шпанија која не е во власта па нему не му текнало во соработка со француската тајна служба да договори прислушување на Кралот и премиерот па потоа со објавување на тие разговори да бара кралот да абдицира а премиерот да поднесе оставка. Она што овие видни европски политичари го бараат од опозицијата во Макеоднија се основни демократски вредности кои тие ги почитуваат во земјите од кои доаѓаат“, вели пратеникот Александар Николоски, потпретседател на мониторинг Комитетот на ПССЕ.

И известитеот Роберт Волтер во своето излагање пред ова тело посочил две клучни поенти- дека местото на опозицијата е во Собранието и дека ваквиот обид за преземање на власта е за секаква осуда.

Николоски потенцира дека климата на меѓународен план е сосема поинаква од сликата која сака да ја презентира СДСМ за наводна изолација имајќи предвид какви се размислувањата на видните европски политичари а земајќи ја предвид и набиената агенда на државниот врв во административниот центар на ЕУ и НАТО.