ТОП,Македонија

Николоски: Стратешка цел на Македонија е членството во ЕУ

Николоски: Стратешка цел на Македонија е членството во ЕУ

Стратешката цел на Македонија е многу јасна, тоа е членство во ЕУ. Македонија од 2005 година е земја кандидат за членство, а од 2009 година континуирано добива препораки за почеток на преговори за членство во ЕУ. Знаете дека поради грчкото противење не можеме да ги почнеме овие преговори. Во овие исклучително значајни и турбулентни моменти и во Европа, а значајни моменти и во Македонија, се надевам дека најдостојно и најдобро ќе можам да ја претставам Македонија и сите нејзини граѓани и сите политички субјекти во Македонија без разлика од која политичка провиненција доаѓаат, вели Николоски за ТВ Нова.

Согласно процедурата, додава тој, после добивањето на официјалната потврда од страна на ЕК да започнеме постапка тука, а по формирањето на новиот состав на Собранието да се одбранат тезите во Комисијата за надворешни работи и после тоа следи упатувањето, што значи некаде втората половина на јануари или првата половина на февруари би требало и официјално да ја преземам позицијата.

Николоски му честиташе на Андреј Лепавцов за, како што рече, одличната работа која што ја направил во изминативе скоро 5 години во Брисел. -Сметам дека имавме еден исклучителен дипломат кој достојно ја претставуваше Македонија и секако би сакал да се заблагодарам на МНР, на Владата и на Собранието за поддршката.