Николов: Грижливо го уредуваме секој дел во општина Радовиш

Сликата која може да се види деновиве во населба Раклиш, покажува дека во општина Радовиш се води сметка и грижа за секој дел.

raklishh_2

Населбата е претворена во градилиште, внимателно и стручно се уредуваат тротоарите со бекатон плочки кој покрај естетскиот изглед во голема мера ќе придонесат и за зголемување на безбедноста во сообраќајот и на пешаците и останатите граѓани на Раклиш.

raklishh_3

Паралелно со уредувањето на улиците и тротоарите активно се работи и веќе е санирана и мрежата и цевководот кој жешката вода од изворите ја носат до парк-чешмата во населбата. Во изминатиот период поради дотраеност на цевководот се случуваа голем број на дефекти кој знаеја да направат и поголеми штети како на асфалтот и асфалтниот пат така и на останатиот дел од населба Раклиш, сега со новата мрежа тоа ќе биде минато.

raklish_6

Од општина Радовиш велат дека овде нема да застанат со инвестициите во Раклиш. Во перспектива е и изградба на улица во населбата како и уредување на парк за жителите на населба Раклиш.