Николовски: „Бомбите“ на Заев го урнисаа туризмот

Поразителни бројќи во туристичкиот сектор. Ова е резултат на “бомбите“ на Заев и насилните протести. Зоран Николовски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во емисијата Индекс на Радио слободна Македонија вели дека според последните податоци, од 25% раст на бројот на странски туристи, од стартот на “бомбите” на СДСМ и протестите кои се случија минатата недела, како и конфликтот во Куманово тој падна на 12 отсто или од вкупниот број на туристи регистриран на 7%, само во последните неколку дена се намали на 5%.

Тој вели дека ова се почетни, но алармантни податоци.

-Имаме информации дека министерството за надворешни работи на Србија апелира до своите граѓани дека е ризично да се патува во Македонија. Од таму се откажани резервациите, но алармираат од нашето туристичко стопанство дека се повеќе се откажуваат индивидуалните резервации, но сега и организираните групи, вели Николовски.

Чартерите не се организирани, но се уште нема најава за нивно откажување.

Николовски апелира до надлежните да се мобилизираат, апелираат македонското МНР преку дописи до нашите амбасади во странските држави да информираат дека ситуацијата во државата се стабилизира, нормализира и дека безбедноста е на високо ниво.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.