понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 33

Николовски: Граѓаните ќе ја контролираат власта!

Повеќе нема да има ниту локални шерифи, ќе има одговорност за сите, ќе направиме генерален реизбор на сите судии во државата и тоа го гарантираме затоа што мора да се ослободи судството од партиските стеги затоа што секој човек мора да ја добие правдата, посочи тој.

nikolovski_pres_03122016

Последни вести

 

Прво што ќе го направме мандатот на специјалното јавно обвинителство ќе го продолжиме рокот за истраги и ќе предложиме и ќе бараме специјално судско одделение коешто ќе постапува по постапките на специјалното јавно обвинителство за да секој, од бомбите и од прислушкуваните материјали одговара пред лицето на правдата и пред законот, изјави во Ранковце Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3.

Криминалниот стекнатиот имот ќе го заплениме по европски терк ќе донесеме закон и законски основи криминалниот стекнат имот се запленува веднаш од државата веднаш после првата правосилна пресуда.

Повеќе нема да има ниту локални шерифи, ќе има одговорност за сите, ќе направиме генерален реизбор на сите судии во државата и тоа го гарантираме затоа што мора да се ослободи судството од партиските стеги затоа што секој човек мора да ја добие правдата.

Секој буџетски денар ќе биде на увид на граѓаните. Секое министерство а особено министерството за финансии ќе мора да го објавува трошењето на секој денар. Секој граѓанин од дома од компјутер да има увид како се трошат парите. Секој народен денар од страна на функционерите, од страна на министерството, истакна Николовски.

 

 

 

Најчитани вести