Николовски: Имаме план како да се покачат платите и пензиите

Имаме сериозен план, како да се покачат платите во државата. Спиралата на покачување ќе почне во април со зголемување на минималната плата на 12.000 денари, а на крајот од четиригодишниот мандат ќе изнесува 16.000 денари за сите вработени без исклучок.

Ова вечерва во скопски Петровец гопорача Љупчо Николовски, носителот на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3.

– Секој вработен во државата ќе добива минимална плата од 16.000 денари, но нашиот фокус е да ги подржиме и домашните претпријатија. Тие ќе добиваат 100 пати поголема државна финансиска помош од сегашната. До крајот на мандатот просечната плата ќе изнесува 30.000 денари, за да може во секое семејство со двајца вработени да има минимум 1.000 евра или 60.000 денари приход за да може да се платат сметките, да се регулираат сите трошоци, да има за живеачката, да има за облека и за одмор, изјави Николовски.

Покачувањето на платите во приватниот сектор, нагласи, преку креирањето на добро платени работни места во домашниот сектор ќе го помогнеме и ќе го потикнеме покачувањето на платите и во јавниот сектор.

– Нема да постои наставник ни професор во државата во образованието кој ќе има плата под просечната бруто плата во државата кога ќе почне со работа. Особено ќе ставиме акцент на покачувањето на платите на секој здравствен работник во државата. Секој здравствен работник во државата на крајот на мандатот ќе зема двојно поголема плата, а секој специјалист плата од 100.000 денари, рече Николовски.

Со спиралното покачување на платите во државата, потенцира, ќе се покачуваат и пензиите. – Ќе има реално покачување на пензиите двапати годишно на основа на покачувањето на трошоците на живот и покачувањето на платите во државата, рече Николовски.