Николовски: На 5-ти јуни ќе им кажеме „Леле, што направивме“ на оние кои сакаат да ја делат Македонија

Доаѓајќи наваму не можев, а да не забележам колку многу народ се собрало денеска да им покаже на оние кои сакаат да ја делат и да ја растурат Македонија. Не можам,  а да не го споменам она што еден мој колега го кажа на едно Европско првенство „Леле, што направивме“.

Oва го истакна кајакарот Атанас Николовски кој вечерва се обрати пред седиштето на СДСМ, каде мирен протест одржа Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Истото ќе им го кажеме и на 5 јуни „Леле, што направивме“. Нека е благословена Македонија, додаде Николовски.