Николовски: Пратениците од СДСМ неоправдано биле отсутни

Претседателот на Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Александар Николоски на денешната седница предложи да се одземат мандатите на 31 пратеник од опозицијата кои беа отсутни во изминатиот период во Собранието.

Како што пренесе Телеграф, според Николовски, опозициските пратеници во текот на изминатите шест месеци неоправдано отсуствувале од Собранието.

Членовите на Коимисијата треба да гласаат за мандатот на секој пратеник поединечно. Доколку предлогот на претседателот Николовски биде усвоен, тој ќе биде ставен на гласање на првата пленарна седница во Собранието на Република Македонија.