Николовски вчера се скара, а денес ги извиси земјоделците

Младиот заменик министер од СДСМ за земјоделие Љупчо Николовски вчера се скара, а денес ги извиси земјоделците кои цели три часа на го чекаа на студот. Николовски денес не се појави на претходно закажаната средба пред подрачната единица на министерството за земјоделие во Неготино.

Иако претходно најави посета, тој воопшто не се појави пред земјоделците што заедно со медиумите го чекаа. Со ова Николовски уште еднаш го покажа арогантниот и нечовечки однос на СДСМ кон земјоделците.

zemjodelci-cekaat-nikolovsk-640x353

Неготинските земјоделци сакаа да го прашаат Николовски „Зошто СДСМ го кочи буџетот, а со тоа ја загрозува исплатата на субвенциите кои нив им се важни“.

Остро реaгираме како земјоделци, они го блокираат буџетот, тоа е срамота, они немаат образ, тие не ги сакаат земјоделците.

Непознавањето на проблематиката и игнорантскиот однос од страна на СДСМ и Николовски наиде на остра осуда од страна на самите земјоделци.

Бевме известени како земјоделци дека ќе дојде заменик-министерот за земјоделие и сакавме да дознаеме за некои работи што се случуваат во земјоделието, но за жал тој не дојде, од кој причини не знаеме, дали се исплаши не знаеме. Чекаме више цел час него го нема.

Вчера Николовски од СДСМ се скара со земјоделците во Велес. На видеото што вчера беше објавено се гледа како тој ги искара земјоделците зошто гласале за актуелната власт и немале потреба да го прашуваат зошто СДСМ го блокирала буџетот.