Николовски за РСМ: Бомбите на Заев не го постигнуваат посакуваниот ефект

Бомбите на Заев не го постигнуваат посакуваниот ефект за СДСМ, оценува новинарот и уредник Марјан Николовски, во интревју за Пулт на радио Слободна Македонија, пренесува „Курир“.

„Ако се постигнуваше ефектот ќе имавме нова избрана влада и во барокните коцки ќе беше Зоран Заев. Мислам дека ова веќе станува проблем во СДСМ. Според мене интересно е што целата оваа стратегија која на почетокот на заговараше СДСМ со објава на овие материјали во форман на серијал се покажа како контрапродуктивна зашто во јавноста се создаде тотален хаос од информации и обичните луѓе буквално немаат јасна перцепција за она што се случува. Јасно е дека минусот оди на контото на СДСМ“, вели Николоски.

Според него интересот за „бомбите“ кај јавноста опаѓа.

„На пример вчерашните лајв стриминга на двете телевизии на СДСМ, сајтот на СДСМ и Нова ТВ, кај СДСМ во пикот имаше 7.000 гледачи во ист момент што е околу 150 % помалку од првите бомби, а кај Нова ТВ лајв стримингот падна на само 10.000. Вкупната посетеност помала од 20.000 е помала за 10 пати од бомбата објавена во Универзална сала. Од тогаш па наваму се тргна надолу“, анализира Николовски.

Жално е вели Николовски, што од сите вчера објавени разговори во јавноста најсилно оддекна приватен разговор меѓу еден министер и неговата сопруга што покажува колку е погрешен пристапот на Заев.

Според Николовски, нужна е правна завршница на случајот за да во континуитет не се повторуваат вакви рпеседани и злоупотреби на човековите права какви што направи опозицијата. Очекува транспарентен судски процес во кој ќе стане јасно кој стоиз ад прислушувањето.