Николовски: Заев го амнестира криминалот на екс градоначалниот на Охрид

Лидерот на опозциската СДСМ амнестира криминал тежок десетици милиони евра и ја негира јасно искажаната волја на охриѓани на последните локални избори, вели пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски, во коментар за изнесените ставови на трибината што здружената опозција ја одржа синоќа во Охрид, пишува „Охрид њуз“.

„Заев со настапот во Охрид вчера призна една работа- СДСМ не само што не се оградува од криминалот и 50 милиони евра долг направени од нивниот Градоначалник на Охрид за кој во моментов има правен процес, туку и ги подржува и амнестира, а сигурно бил и вклучен во криминалот. Такво негирање на јасно искажана волја на Охриѓани досега немало. Во 2013г кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Бакрачески победи со скоро 8 илјади разлика, советничката листа на ВМРО ДПМНЕ со 12 наспрема 8 советници, а во 2014г на паламентарни избори нашта листа победи со 8 и пол илјади разлика, а Иванов го победи Пендаровски за Претседател со преку 6000 разлика. Бројките говорат се! Потценувањето на интелектот на народот ќе му донесе нови порази на Заев на изборите во 2017 и 2018г. Во меѓувреме ние градиме автопат кон Охрид, отвараме можности за странски инвестиции, правиме сериозни напори за работа во општина со 50 мил евра долг, а в година ќе градиме и автопат до Пештани и ќе го реконструираме патот до Битола. Нека дојде Заев преку ден да види, навечер може не му се гледа.“ – вели Николовски.

Актуелниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, се огласи преку социјалните мрежи.

„Наше е да продолжиме да ги негуваме начелата кои ги етаблиравме со преземање на мандатот и уште поцврсто и принципиелно да се држиме до нив: одговорност, чесност, транспарентност, отчетност и посветеност во работата. Резултатите се наша неизбежност, а народот е нашата судбина. Така беше во 2013-та така ќе биде и во 2017-та. Она што е неизвесно е само дали разликата ќе биде под или над 10.000 гласови. Ако вака продолжат да ги обвинуваат сите освен себе самите за поразите, претпоставувам дека 25.000 нема да ни се недостижни“н напиша на својот фејсбук профил Бакрачески.