Македонија

Николовски: Заев не преговара, туку уценува

Николовски: Заев не преговара, туку уценува

Заев е единствениот виновник за пропаѓањето на преговорите во Брисел. Ова е оцената на новинарот и уредник на Нетпрес Дејан Николовски, во интервју за „Пулт“ на Радио Слободна Македонија.

– Негативните последици ние ги чувствуваме повеќе од 100 дена, како во економијата така и во општеството. Тие и ќе продолжат. Оној кој ја сноси одговорноста за неуспехот на преговорите е човекот кој ја предизвика оваа ситуација- лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој полека станува свесен за она што го направи и за ситуацијата во која се наоѓа. Тоа го потврдуваат и информациите за неговото однесување на преговорите. Имал изгубен поглед, често го менувал ставот, прифаќал предлози па ги одбивал… Тоа воопшто не личеле на преговори. Заев молчел и повторувал една иста работа. Од друга страна премиерот Груевски бил расположен со нови поредлози да се извлече државата од ситуацијата во која се наоѓа, вели Николовски.

Николовски посочува дека ако информациите кои ги објавуваа медиумите на Сорос беа точни тогаш преговорите ќе беа успешни.

Според Николовски, Хан нема никаква причина да биде пристрасен како што тоа се обидува да го наметне СДСМ преку своите поддржувачи во новинарството. Напротив, тој проблемот го лоцира во однесувањето на Заев кој наместо да преговара сака да уценува.

– Му се восхитувам на трпението на Груевски. Толку пати имаше средби со опозицијата, исцрпувачки и маратонски. И немаше никаков исход освен договорот од Пржино, кој потоа беше спинуван од медиумите на СОРОС. Другите средби немаа резултат. Се надевам дека од понеделник, доколку има средби, тие ќе вродат со плод, вели Николовски.