Никос Вуцис претседател на грчкиот парламент

Поранешниот грчки министер за внатрешни работи Никос Вуцис денеска е избран за нов претседател на грчкиот парламент. Вуцис е избран како кандидат на владејачкиот блок на Коалицијата на радикалната левица (Сириза) и партијата Независни Грци (АНЕЛ).

При гласањето, „за“ изборот на 64-годишниот Вуцис се изјаснија 181 од вкупно 297-те присутни пратеници на 300-члениот грчки Парламент, пренесува МИА.

Новиот грчки Парламент, кој беше избран на вонредните избори на 20 септември, својата конститутивна седница ја одржа вчера, кога пратениците положија свечена заклетва.

Вуцис ја наследи 38-годишната Зои Констандопулу, која заедно со група пратеници во август ја напуштија Сириза и ја формираа партијата Народно единство. На септемвриските избори партијата не успеа да го мине изборниот праг и да освои пратеници во Парламентот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.