Никовски: Фантомите се покажаа како неточни

Меѓународната заедница се вклучува секогаш и ми се чини дека главниот напор ќе биде да се обиде да се убеди опозицијата да оди на избори. ДИК рече дека изборниот список е чист, можни се корекции и понатаму, а тоа е најсилниот аргумент. Брисел и Вашингтон се свесни дека засотрувањето на односите во земјата не му одговараат никому, најмалку ним, а и тие велат дека избори треба да има на 5-ти јуни.

Ова го истакна дипломатот Ристо Никовски кој вечерва е гостин во ТВ Нова и кој зборува за ситуацијата во земјава и меѓународната заедница.

Според него опозицијата треба да сфати дека овие две години се работи за државата, а се друго е сценарио на штета на државата и затоа СДСМ треба да се појави на изборите. Тој смета дека повикот за состанок на четирите партиски лидери во Виена е со цел опозицијата да се убеди да оди на избори, а Виена е избрана како локација за да се пронајде некој баланс.

Учеството на опозицијата во Виена не треба да биде спорно. Ќе се најде некоја компензација за опозицијата да се појави на избори, ќе мора да добие нешто за да го погази она што го зборува со денови, а тоа е дека нема да учествува на изборите на 5-ти јуни, смета Никовски.

„Се бара решение на неутрален терен, веројатно меѓународната заедница се плаши од настаните во земјата, притисокот и медиумите, па не сака дополнителни елементи кои ќе го свртат вниманието. Добро е што средбата нема да се одржи во Скопје, ќе слегнат страстите, ќе се сфатат некои работи. Ако не успее првата, веројатно ќе има и втора средба“, вели Никовски.

Тој потсети дека беа поставени три критериуми од опозицијата.

„Едниот беше избирачкиот список – во него има недостатоци меѓутоа не такви што се носители на некои пробелми. Фантомите се покажаа како неточни. Вториот беа медиумите. Лани беше донесен нов закон за кој се согласија сите, а сега опозицијата го негира истиот. Третиот беше одвојувањето на државата од партијата. Третиот е процес кој трае 20 години. Нема држава каде земјата не е поврзана со партијата. Затоа пак партијата одговара пред народот“, смета Никовски.