Никовски: САД стојат зад правна разврска на случајот „Пуч“

Посетата на Заменикот помошник државен секретар на САД Хојт Ји и неговата вчерашна порака е јасен знак дека САД стојат зад правната разврска на случајот „Пуч“, оценува амбасадорот Ристо Никовски.

-Во целина изјавата негова, она што ние го слушнавме, мислам дека е сосема балансирана и дека за нас е клучно што тој ја поддржува правната разврска бидејќи до сега главно недоразбирање беше дали ќе се оди на политичка или правна разврска. Од таа гледна точка е апсолутно прифатливо тоа што го порача Ји. Исто така се согласувам дека треба да се испитаат и индикациите кои се појавија со незаконски објавените материјали, вели Никовски за Пулт на Радио Слободна Макеоднија.

Никовски оценува дека е клучно да се дојде до правна разврска на случајот иако остава простор по пресудата да се дозволи политичка разврска односно компромис преку политички договор.

-Мислам дека пред се некои политички сили сфаќаат дека правецот кој го фатиле, тука мислам на опозицијата, сфатиле дека излез нема. Очекувале да падне власта, да има техничка влада, но тоа не се случи. Општ впечаток е дека тие бомби, петарди, не постигнаа ништо. Мислам дека власта со некои потези си ја зајакнува позицијата. Се обидуваат со амнестија, политичка разрешница се ова што е направено да се фрли на буниште. Тоа не смее да се случи. Мора да се оди на судска развршница, а кога ќе се осудат сите виновници кои и наштетија на државата долгорочно, кога ќе знаеме што е што, тогаш може да се размислува за некаква амнестија и да тргнеме во насока на некакви развојни процеси за поголема сплотеност, вели Никовски за РСМ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.