Никовски за РСМ: Влезот на Гентерм ќе ја заживее економската активност на овој регион

Гентерм ќе биде првата компанија која ќе инвестира во технолошко индустриската развојна зона во Прилеп и првата позначајна инвестиција, која економски ќе го заживее овој регион и значително ќе ја намали невработеноста. Локацијата на земјата, квалификуваната работна сила, конкурентните трошоци за работа, можноста за брза изградба на фабриката и поддршката од Владата и сите релевантни институции биле одлучувачки Гентерм да ја одбере Македонија, а не некоја друга земја за инвестирање.

Советникот на премиерот Груевски за привлекување странски инвестиции, Алек Никовски, кој всушност ја донесе оваа инвестиции од 20 милиони евра, во емисијата Бројки на РСМ вели дека преговорите траеле релативно кратко време, само 6-7 месеци. Раководството на Гентерм резгледувале 12 региони во 5 земји, а нашата најдобро одговорила со листата на барани критериуми. Според Никовски, плановите на компанијата се 2.000 директни вработувања, но ќе има и индиректни вработувања.

-Локалните компании ќе имаат зголемен обем на работа, овде не мислам само на градежните компании кои ќе бидат ангажирани, или банкарските и архитектонски институции, мислим и на сите останати фирми, кои ќе се јават како добавувачи. Што значи покрај 2,000 директни вработувања, се олекуваат уште многу индиректни, изјави Алек Никовски, советник на премиерот Грувески

Генетерм веќе почна со селекција на кадри за менаџерски позиции и според информациите на раководството од Гентерм, биле задоволни од понудата и квалификациите на кадрите. Имаат краток рок за изведба, првите количини на производство се очекуваат во октомвтри. Паралелно, според Никовски, се преговара и со компании од неколку области во други земји. Дел од преговорите со некои се во почетна, некои во завршна фаза.

-Адутите со кои настапуваме пред странските компании се квалификуваната работна сила, конкуретните трошоци, имаме најнсики даноци во светот, веќе се пристуни голем дел странски компании – кои имаат позитивни ускуства и кои носат одлука и да го прошират производството, како и вклученоста на владата, нејзината отвореносто и транспарентност. Македонија е исклучок каде највисоките владини преставници директно ги примаат претсавниците на компаниите кои сакаат да инвестираат, има еден позитивен дијалог и со сите релевантни институции и тоа е она што не издвојува од останатите земји, додава Никовски

Во фокусот наредниот период, како што нагласи Никовски, ќе биде и натаму привлекување то странски компании, кои ќе отвораат нови работни места, кои ќе го зголемат извозот, кои ќе донесат нови знаења и вештини. Ќе се продолжи со позитивната практика и на промоција и презентирање на бизнис климата директно, преку планираните роуд шоуа низ светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.